Бејта официјално ја презема функцијата градоначалник на Гостивар

Од:

Новоизбраниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта денеска официјално ја преземе новата функција.

Заблагодарувајќи се на поддршката од граѓаните, Бејта истакна дека Гостивар влегува во нова ера на развој.

– Сите предизборни ветувања ќе бидат реализирани и гостиварци конечно ќе добијат чиста вода за пиење, модерни улици и училишта. На граѓаните кои претходно не можеа да си ги легализираат своите градби, тоа од денес ќе им биде овозможено, изјави Бејта.

На примопредавањето на функцијата не присуствуваше досегашниот градоначалник Руфи Османи.

Пред седиштето на општината новоизбраниот градоначалник го поздравија над илјада граѓани.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски