Бејта очекува победа на локалните избори за трет мандат

Од:

Актуелниот градоначалник општина Гостивар и кандидат за уште еден мандат од редовите на ДУИ, Невзат Бејта, очекува победа во првиот круг. Бејта е убеден дека ја има поддршката на мнозинството граѓани. Тој изјави дека ќе ги респектира неговите конкуренти, но, како што рече, нема да се занимава со нивните кампањи.

На новинарско прашање кои се неговите очекувања и проценки за претстојните избори Бејта нагласи не се кандидирал по негова желба, туку тоа била желба на мнозинството граѓани од општина Гостивар.

– Тие го ценат она што јас лично и мојот тим соработници сме го направиле за градот. Од расположението кое го гледам кај нив и со измените на Изборниот законик, сметам дека ќе го победиме во првиот круг, рече Бејта одговарајќи на новинарско прашање при посетата на ОУ „Единство“.

Доколку победи, на Бејта тоа ќе му биде трет мандат, тој пред 12 години победи и раководеше со општина Гостивар. На наредните избори загуби од Руфи Османи, од кого пред чтеири години ја презеде градоначалничката функција. Нему за најсериозен кандидат од вчера му се препишува актуелниот министер за здравство Арбен Таравари, како кандидат на Алијансата на албанците. Тој потекнува и живее во Гостивар.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски