Бејта им ветил црква на Македонците?

Од:

Од Изборниот штаб на огранокот на НДП чиј кандидат влезе во вториот круг за избор на градоначалник на општина Гостивар укажуваат на „валкана игра“ од политичките опоненти.

Последниот потег, како што велат од НДП, е неодмана дистрибуираниот флаер на македонски јазик со текст кој повикува на поддршка за Невзат Бејта кој ветил изградба на црква.

– Неговата валкана игра ги надминува сите човечки, етички и морални норми и по штетата што ја направи во овие речиси 12 години од позиции на локална и централна власт, тој почнува да игра и на картата на нарушување на меѓуетничките и меѓуверски односи, користејќи и милитантен речник, стои во соопштението на огранокот на НДП Гостивар.

Од паријата чиј лидер е и кандидат за градоначалник, наведуваат дека флаерите по македонските домови ги делат активистите на ДУИ. Од изборниот штаб на НДП нагласуваат дека и покрај тоа, на летоците нема потпис, ниту стои кој ги печател.

– Доколку Н.Б. на граѓаните од Гостивар од православна вероисповед им ветил цркви и манастири и доколку тие му веруваат на овој обичен лажго, тие ќе го гласаат и без да дели вакви летоци. Но, ниту посетите од куќа в куќа, ниту излетите во неговата вила во село Дуф, ниту парите, ниту мобилните телефони, ниту лагите, праззите ветувања, уцените и манипулациите на Општинската изборна комисија и на членовите на Избирачките одбори делегирани лично од него, не ќе можат да ја скршат цврстата волја на народот – истакнаа од партијата на Руфи Османи.

Огранокот на НДП во Гостивар апелира до сите граѓани од општина Гостивар да не потпаднат под, како што наведува, влијание на алчните игри на човекот кој што е синоним за злоупотреби во Гостивар и чија што единствена надеж за политички опстанок се манипулациите.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада