Бејли и Орав: До 20. февруари ќе оцениме дали има услови за избори во април

Од:

Амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав по денешната средба со премиерот Емил Димитриев соопштија дека до 20 февруари САД и ЕУ ќе оценат дали се исполнети условите за одржување кредибилни избори на 24 април.

-Договорот од Пржино го постави 24 април како датум. Тој исто така ги обврзува потписниците на структурни реформи, вклучително и мерки што ќе обезбедат поголема слобода на медиумите, пречистен избирачки список и спроведување на сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР со цел да се овозможат слободени и фер избори. Останува уште значителна работа за исполнување на тие услови. Пред распуштањето на парламентот и не подоцна од 20 февруари, ЕУ и САД, во консултации со меѓународни и локални експерти, заеднички ќе оценат дали условите се исполнети за да се одржат кредибилни избори на 24 април. На нашата средба со премиерот, ги споделивме критериумите што ќе ги користиме. Ги споделивме тие критериуми и со партиските лидери што го потпишаа договорот од Пржино и со кои тесно соработуваме многу месеци. Исто така ќе ѝ ги направиме достапни на јавноста, се вели во заедничката изјава што амбасадорите Бејли и Орав ја прочитаа по средбата со Димитриев.

Тие бараат Државната изборна комисија да биде целосно обезбедена со персонал и финансии. За избирачкиот список мора да бидат извршени првичните вкрстени проверки вклучително и теренска проверка. ДИК мора да има веродостојна програма време и ресурси за да се истражуваат и да се отстранат неправилностите што ќе се откријат при вкрстената проверка – изјавија двајцата амбасадори кои посочија и дека одлуките сепак ги носат македонските политичари.

Амбасадорите нагласија дека четирите партии мора да постигнат договор за медиумските реформи, а телевизиите мора да демонстрираат усогласување со законските барања и да обезбедат објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења.

– Мора да бидат превземени мерки што ќе обезбедат доволна одвоеност на државата од политичките партии со кои ќесе санкционираат злоупотребите – нагласија амбасадорите.

Меѓународните претставници истакнаа дека јавните функционери мора да дадат јасни изјави и писмени инструкции дека нема да се толерира никаков притисок врз вработените во јавната администрација и дека ниту еден вработен граѓанин нема да се плаши за своето вработување или примање на социјална услуга како резултат на поддржувањето или не на некоја политичка партија или кандидат.

Би можело да ве интересира

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД

Бугарија оди на седми избори во последните три години: „Ова е деструктивно“

Горан Наумовски

Подгорица оди на вонредни избори