Беџети во Загреб на Конференција за спречување на корупцијата на земјите на ЈИЕ

Од:

Министерот за правда Блерим Беџети денеска и утре ќе учествува на Конференција за регионална соработка за  спречување на корупцијата на земјите на Југоисточна Европа, што се одржува во Загреб, Хрватска.

На конференцијата,  која е во организација на Секретаријатот на Регионалната Антикорупциска иницијатива (РАИ) и Министерството за правда на Хрватска, ќе се разговара за  главните достигнувања на РАИ и ќе бидат  идентификувани  главните предизвици со кои се соочува иницијативата.

Форумот, како што информираат од Министерстото за правда, ќе биде  можност земјите членки и партнери да ги споделат своите ставови во врска со придобивките и идните очекувања на соработката со РАИ.

Главниот дел на настанот ќе биде посветен на потпишувањето на Протоколот за измена на Меморандумот за разбирање во врска со РАИ кој  е првично потпишан од страна на РАИ земјите-членки  во Загреб во април 2007 година.

Со потпишувањето на Протоколот за измена на Меморандумот за разбирање,  дополнително ќе биде  осигурана соработката со земјите потписнички за спречување на корупцијата, како и на финансиската одржливост на РАИ Секретаријатот.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов