Беџети учествуваше на состанок на Советот на министрите за правда и внатрешни работи во Даблин

Од:

Министерот за правда Блерим Беџети учествуваше на неформален состанок на Советот на министрите за правда и внатрешни работи, кој во организација на ирското претседтелство со Европската унија се одржа на 17 и 18-ти овој месец во Даблин, Ирска.

Темите околу кои дискутирале министрите за правда и внатрешни работи од земјите членки на ЕУ, како и од земјите кандидати за членство во Унијата, на вториот ден од состанокот, биле посветени на постапки во преку-гранични случаи на стечај, заштита на личните податоци, како и заштита на основните права на граѓаните на ЕУ, активности за справување со говор на омраза и нетолеранција, како и борба против расизмот и антисемитизмот.

– Министрите беа едногласни дека е потребно ревидирање на Регулативата за постапките за стечај (ЕЦ) Но 1346/2000, преку поедноставување на формалностите со кои се регулира реципрочно признавање и извршување на пресудите во работи на прекугранични случаи на стечај, а со цел за поефикасни стечајни постапки во прекуграничните односи, кое воедно е едно од приоритетите на Ирското претседателство, се наведува во денешното соопштение од Министерството за правда.

По однос на обработката на личните податоци на состанокот била постигната согласност за предвидување на таканареченото право на бришење на личните податоци, со цел да се обезбеди дека поединците имаат овластување да бараат бришење на нивните лични податоци, откако тие веќе не се потребни за било која легитимна цел, како и предвидување на административни санкции за физички и правни лица, во случаи на прекршување на одредбите од Регулативата, а со цел за нејзина ефикасна примена.

Во делот на работниот ручек, министрите изразиле взаемна согласност и волја за промовирање на човековите права преку превземање на мерки за казнување на насилство или омраза насочена против лица кои припаѓаат на одредена раса, боја, религија, или национално или етничко потекло, како и казнување на извршувањето на таквите акти на јавно ширење или дистрибуција на плакати, слики или друг материјал.

Покрај ова, во рамки на претпладневната втора работна сесија, од страна на Директорот на Бирото за одземен имот на Република Ирска, била одржана презентација за правната рамка која ги регулира постапките за одземање на имот, како и надлежностите на Бирото за одземен имот, се додава во соопштението од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов