Беџети се сретна со шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР

Од:

Министерот за правда Блерим Беџети денеска се сретна со делегацијата на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од шефот на мисијата, Герт Аренс.

Централна тема на средбата, како што информираат од Министерството за правда, биле подготовките за претстојните локални избори.

Амбасадорот Аренс се интересирал за состојбата со избирачкиот список и за реализацијата на избирачкото право во затворските установи.

Министерот Беџети ја информирал делегацијата дека во рамки на Државната изборна комисија е формирана Работна група составена од претставници на сите политички партии, како и од Министерството за правда кои учествуваа во прочистување на избирачкиот список.

Оценка е, нагласил министерот Беџети дека комисијата успешно ја има завршено својата работа, при што нема реакции во врска со работата на комисијата и прочистувањето на избирачкиот список.
Во врска со гласањето на затворениците, Беџети истакнал дека како на сите досегашни избори, така и на овие локални избори акредитираните набљудувачи ќе можат да ги следат изборите во затворите.

Истовремено министерот за правда информирал и за измените во Изборниот законик со кои им се овозможува на лицата кои се наоѓаат во куќен притвор да го остварат своето право на глас, која одредба беше и една од препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски