Беџети го призна поразот и и честиташе на Теута Арифи

Од:

Кандидатот на ДПА за градоначалник  на  Тетово Сади Беџети го призна изборниот пораз и и честиташе на Теута Арифи за победата.

Беџети изјави дека ја почитува волјата на граѓаните да изберат нов градоначалник во следниот мандат од четири години.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи, пак, во свеото обраќање оцени дека изборниот процес бил со низа неправилности. Според него, сите политички партии се здружиле против ДПА.

– Прво да му ја честитам победата на нашиот градоначалник во Студеничани Азим Садику и Зијадин Села кој денеска ја запешати победата.

– Очигледно беше нерамноправна борбата. Сите се здружија против ДПА. Имаше купување гласови, уцени, на крај сите се здружија против нас, во сите општини каде што имавме кандидат за вториот круг, да гласаат против нас, рече Тачи.

Одговарајќи на новинарско прашање за евентуална оставка по поразот во Тетово, Тачи напоемна дека размислува на оваа тема но не сака да и наштети на партијата. Притоа најави дека останува на чело на партијата зашто зад неа на овие избори застанале над 90 илјади граѓани.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“