А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Бечев: Не е конструктивно тоа што Бугарија и го прави на Македонија

by А1он25/09/2013 - 14:53121
Share0

Бугарија треба да биде конструктивен играч во однос на пристапувањето на Република Македонија кон Европската унија и не е конструктивно што ја копира Грција со блокадите на Европскиот совет.

Добивај вести на вибер

Оваа порака денеска ја испрати Бугаринот Димитар Бечев од Европскиот совет за надворешни односи на конференцијата „Иднината на Западен Балкан и улогата на Турција” што во организација на Европскиот центар за политики (ЕПЦ) се одржа во Брисел.

Одговорајќи на прашањата на дописникот на МИА од Брисел, Бечев, пред се како Бугарин и Гркот Аксел Сотирис Валден од Европската комисија како ја оценуваат грчко-бугарската блокада на македонската евроинтеграција, двајцата кои заедно со турските професори Бестами Билгич и Керем Октен говореа на оваа конференција, избегнуваа да дадат директен одговор.

– Јас говорам во име на Советот, а не во име на бугарската Влада. Моите анализи се дека од судирот околу прашањето за името меѓу Македонија и Грција, Атина нема никаква штета и потреба од брзање. Но, не гледам дека и на Скопје му се брза. Оваа лимбо-ситуација не е добра за никого. А, во однос на Бугарија, сметам дека земјата треба да биде конструктивен играч, а не е конструктивно тоа што исто како и Грција ја блокира Македонија. Тоа го форсираше претходната Влада, а е против европските вредности, посочи бугарскиот експерт за евроинтеграции Димитар Бечев.

Според Бугаринот од Европскиот совет за надворешни односи, тој би бил најсреќен ако Македонија набрзо ги почне преговорите. Сепак, тој во еден момент истакна дека македонскиот премиер Никола Груевски “е патрон на изолацијата на Балканот”. Но, на прашањето на дописникот на МИА да објасни дали проектот “Скопје 2014” и воспоменикувањето на сите личности од големата македонска историја, поддржано од мнозинството македонски граѓани смее да се нарече изолационизам, тој одби да одговори.

Аксел Сотирис Валден од Директоратот за проширување на Европската комисија, пак, посочи дека е ”ирелевантно да каже нешто лично за прашањето за името како грчки граѓанин”, но ја повтори добропознатата позиција на Комисијата во однос на потребата за добрососедски односи на Македонија со Грција и Бугарија.

– Многу пати сме кажале дека ова прашање мора да се реши. Крајно време е, посебно по пресвртот со договорот Приштина-Белград, што значи дека и вашето прашање може да се реши. Ние како ЕК ги поддржуваме напорите за изнаоѓање решение под закрила на Обединетите нации, а и сме критичари на изјавите и делувањата што го прават решението потешко. Ние во Комисијата мислиме дека билатералните прашања меѓу земјите од проширување и земјите-членки не треба да се внесат во процесор на пристапување, посочи Сотирис-Валден од Европската комисија.

Претставникот на Директоратот за проширување на Комисијата одби директно да го искоментира ставот на грчките власти дека “Европската унија е таа што ја блокира Македонија во напредокот во евроинтеграциите, а не Грција”. Но, посочи дека нема официјален став на Унијата дека стои зад можноста Македонија да ги почне пристапните преговори.

– Не сакам да коментирам изјави на шефови на држави и на влади, посебно не на земји-членки на ЕУ, оти тоа не е моја улога. Но, формално говорејќи, со години има препораки од Комисијата за отворање на пристапните преговори со БЈР Македонија и Европскиот совет се уште не донел заклучок за оваа препорака. Тоа е формалната ситуација. Сите знаат кои се причините, а се многу, очигледно некои земји-членки, како Грција, Бугарија и некоја друга, имаат приговори, но никогаш не сме излегле со позиција на ЕУ дека ја блокираме државата, конкретен е Сотирис-Валден од ЕК.

На оваа конференција, на прашање од страна на дописникот на МИА за создавањето на Турковизија, музички фестивал што би бил пандан на Евровизија и дали тоа значи формално одделување на Турција и пријателите на оваа земја од ЕУ, Керем Октем од Оксфорд Универзитетот, со одговор дека сето тоа е “дел од поголемиот комплет од националистички културни политики на културна дипломатија на Турција, во која спаѓаат и турските ТВ-серии“.

bugarija

Би можело да ве интересира

Од 1. јануари во Бугарија само со евра

Катерина Ѓуровски04/06/2025 - 14:1904/06/2025 - 14:20

Бугарите протестираат против воведувањето на еврото: „Сиромашните се плашат дека ќе станат уште посиромашни“

Горан Наумовски31/05/2025 - 15:25

(ВИДЕО) Матурантка во Бугарија на прославата пристигна во багер, со трубачи

А1он29/05/2025 - 20:32

Мицкоски: За време на Хашкиот самит во НАТО да има билатерална средба помеѓу претставниците од кај нас и од Бугарија

Горан Наумовски23/05/2025 - 14:24

Претседателот предложи, а бугарскиот парламент го одби референдумот за еврото

А1он13/05/2025 - 19:52

Земјотрес во Бугарија

Горан Наумовски24/04/2025 - 22:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен