Бебе загина во сообраќајка на патот Демир Капија – Удово

Од:

На патниот правец Дебар-Маврово, во близина на месноста Бошков Мост, во сообраќајна несреќа загина возач на комби возило. Несреќата се случила во 6,45 часот кога од непознати причини комби возилото сопственост на „Хисар туризам“ изгубило контрола, удрило на заштитната метална ограда на мостот и паднало во реката Радика.

Во возилото бил само возачот Садик Франгу(62) од селото Баланци, општина Центар Жупа, кој починал на самото место. Требало да стигне во Гостивар за да земе печалбари кои доаѓаат во родниот крај.

На местото на несреќата увид врши екипа на Полициската станица од Ростуше, истражен судија и обвинител од Гостивар. Во извлекувањето на возилото учествуваше и територијалната противпожарна единица од Дебар.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он