Базенот „Бисер“ на јавно наддавање

Од:

Општина Аеродром објави повик за јавно наддавање за користење на базенот „Бисер”, познат како воен базен.

Почетниот годишен надомест за спортскиот објект – базен и помошни објекти изнесува 10.000,00 евра во денарска противредност, а идниот закупец ќе може да го добие на користење објектот на неопределено време. Критериум за избор на најповолен понудувач е највисоката понудена цена за закуп на базенот.

Крајниот рок за доставување на пријавите за учество на јавното наддавање е заклучно со 6-ти октомври 2012 година.

Во спортскиот комплекс освен базен има соблекувални и кујна. Базенот е со површина од 3.850 кубни метри и помошни простории од околу 200 квадратни метри.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош