Базата на податоци на лицата со инвалидност на собраниска седница во среда

Од:

Комисијата за труд и социјална политика денеска ги даде на натамошно читање дополнувањето на Законот за вработување на инвалидни лица и Предлог – законот за национална база на податоци на лица со инвалидност, по скратена постапка.

Заменик – министерот за труд Ибрахим Ибраими појасни дека основна цел на Предлог – Законот за дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица е да се овозможи Посебниот фонд да се користат средства за придонес за пензиско и инвалидско осигурување, придонес за здравствено осигурување и придонес за вработување за вработеното инвалидно лице, како и придонес за пензиско и инвалидско осигурување за вработените во заштитното друштво кои не се инвалидни лица и инвалиди на трудот.

Со Предлог-законот за национална база на податоци на лица со инвалидност, по скратена постапка, се предвидува воспоставување единствена електронска евиденција, односно национална база за лица со инвалидност. Се уредува и начинот на функционирање на националната база на податоци за лица со инвалидност, обработката на податоците во базата, користењето на податоците во базата, безбедноста на податоците и надзорот над функционирање на базата.

Националната база на податоци за лица со инвалидност претставува дел од интегрираниот здравствен информатички систем кој овозможува обработка и давање на користење податоци меѓу надлежните органи, со цел воспоставување на единствена евиденција на податоците и остварување на правата по основ на инвалидност согласно закон.

Со овој закон е уредена и можноста за ажурирање и давање на користење на податоците во Националната база од страна на надлежните органи за обработка и давање на користење на податоците од Базата.

Законите се на дневен ред на продолжението на 59.седница закажано за среда.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање