Бате Геле, кој е осуден за упадот во Собранието, се приклучи на протестот пред кривичниот суд

Од:

Штипјанецот Ангеле Зафировски, познат како Бате Геле, кој е осуден на условна казна за упадот во Собранието на 27 април им се приклучи на демонстрантите пред кривичниот суд. Тој е осуден на условна казна и доби забрана да учествува на протести.

Бате Геле за нашата екипа изјави дека е пред Судот за да ја брани Македонија и рече дека Заев е предавник. Тој рече дека ги сака сите луѓе без разлика на нивната националност.

Бате Геле на своето тело ги има истетовирано ликовите на екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавње, Сашо Мијалков и на неговиот син Јордан, затоа што, како што има кажано во изјава за медиумите, Мијалкови пред неколку години му го спасиле животот, а пред тоа многу му помогнале кога претстојувал во Чешка и во САД.

Тој во мај беше осуден за учество во толпа што ќе стори кривично дело и учество во топла што ќе спречи службено лице во вршењето на службени дејства на условна казна од 6 месеци која ќе се изврши ако во следните година и половина го повтори делото. Бате Геле беше еден од првите демонстранти во Собранието што го нападнаа Зоран Заев.

Протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Судот, можете да го гледате во живо на А1он.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ