А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Басмак“: Одлична година за тутунарите

by А1он06/02/2016 - 10:54148
Share0

Добра година за тутунопроизводителите со просечна откупна цена од 186 денари по килограм. Ова е оценката на претседателот на Здружението на тутунопроизводители „Басмак“ од Василево, Марјан Трајков кој истовремено побара од земјоделците да поднесат пријава за издавање евидентни листови.

Добивај вести на вибер

– Иако сеуште трае откупот, апелирам до тутунарите да поднесат пријави за издавање евидентни листови. Не им треба нов имотен лист, може и стариот. Во пријавата се запишува само бројот од листот и од парцелите каде што ќе биде засаден тутунот. Производителите да внимаваат и во пријавата да запишат со колку откупувачи сакаат да склучат договори. Тоа со цел за Министерството за земјоделство да им даде евидентни листови соодветно потребата, потенцира Трајков.

Во струмичкиот регион тутун откупуваа четири компании. За наредната сезона, Трајкова најавува влез на уште еден откупувач.

– Динамиката на откупот е добра, по нашите процени тутунот во струмичко целосно ќе биде откупен до 15-20 февруари. Досега откупени се до 90 проценти од количините. На ниво на Македонија откупено е 80 проценти односно 15 милиони и 500 килограми тутун. Според нас има уште три-четири милиони килограми кои треба да бидат откупени до крај на сезоната, вели Трајков.

Според него, наместо планираните 25 милиони килограми тутун, Македонија ќе произведе 19 милиони килограми. Очекува, годинешната добра просечна цена догодина да го зголеми и бројот на тутунопроизводители.

tutun

Би можело да ве интересира

Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Горан Наумовски28/04/2025 - 14:4128/04/2025 - 14:42

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Катерина Ѓуровски18/12/2024 - 09:28

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат забрана за увоз на тутун додека не се потроши домашниот

Ландов26/12/2021 - 13:10

Владата дозволи користење на електронските цигари во затворени простории

А1он21/12/2021 - 22:4122/12/2021 - 10:06

Голема акција за заплена на режан тутун по пазарите и складиштата

Катерина Ѓуровски17/09/2021 - 15:03

Во фирма во Струмица пронајдени 330 килограми режан тутун без бандерола

А1он10/09/2021 - 17:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен