Башким Хасани од Коалиција „Вреди“: Со гласањето во Ларце го добивме 14-тиот пратеник

Од:

Коалицијата „Вреди“ по денешното прегласување во изборното место 2101 во селото Ларце, Општина Желино прогласи дека има добиено уште еден пратеник во шестата изборна единица.

Претставникот на коалицијата Башким Хасани изјави дека тие добиле речиси 500 гласови од вкупно 993 граѓани со право на глас.

-Кога се гласа без притисоци, без кражби и без многу манипулации резултатот е тој што денес и го имаме. Со овој резултат го добиваме во случајот и 14-тиот пратеник. И покрај сите притисоци, на началници на полиција, на инспектори и на моменти кога се нудеа пари за да се гласа. Ние овие случаи од утре сите ќе ги пријавиме и ќе инсистираме на нивна одговорност. Коалицијата „Вреди“ има близу 500 гласови, а Европскиот фронт 48 гласови, изјави Башким Хасани.

Според Хасани, Коалицијата „Вреди“ нема да има промени со денешното прегласување во петтата изборна единица.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226