Баронесата Д’Соуза спикер на Горниот дом на британскиот Парламент во Македонија

Од:

Во официјална посета на Република Македонија денеска и утре ќе престојува баронесата Францес Д’Соуза, лорд, спикер на Горниот Дом на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Баронесата Д’Соуза денеска ќе има средба со претседателот на македонскиот Парламент Трајко Вељаноски, на чија покана е во посета на земјата.  Потоа таа ќе се обрати пред пратениците. Во Собранието ќе оствари средба и со претседателот на пратеничката група за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Ермира Мехмети и со нејзините членови.

Претходно ќе положи венец свежо цвеќе на Споменикот на паднатите херои за Македонија.

За време на официјалната посета баранесата Д’Соуза во Владата ќе оствари средба со вицепремиерите Владимир Пешевски и Фатмир Бесими и со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Ќе разговара и со лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев, а ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество.

Баронесата Д’Соуза ќе го посети и Тетово, каде нејзина домаќинка ќе биде градоначалничката на овој град Теута Арифи.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија