Баронесата Д’Соуза ја продолжува посетата на Македонија

Од:

Баронесата Францес Д’Соуза, спикер на Горниот Дом на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, денеска ја продолжува официјалната посета на Република Македонија.

Според агендата, предвиден е прием на баронесата Д’Соуза кај претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и средба со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими.

На средбата вицепремиерот Бесими, како што соопшти неговиот кабинет, ќе се осврне на реформите и напорите што Република Македонија ги презема во поглед на интегрирање во Европската унија.

Д’Соуза вчера беше примена од претседателот на македонскиот Парламент Трајко Вељаноски и се обрати пред пратениците.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on