Барокната фасада на зградата на Владата во 2013

Од:

Владата  не се откажува од новиот  неокласицистички  изглед на  зградата.

Ова ќе се реализира наредната година. Објавен е оглас оглас за избор на градежна компанија што ќе ја реконструира и осветли зградата на Владата.

Избраниот на огласот за една година ќе треба да го реализира зацртаното во идејното решение на Жарко Чаушевски и Филип Богатинов.

Градот Скопје и Општина Центар во изминатиов период ја ослободија надлежната владина служба од наплата на комуналии за реконструкција на фасадата и проширување на објектот, чија висина  е  206.800 евра. На ова опозицијата се спротивстави, но одлуката беше донесена.

Колку ќе чини новиот барокен изглед и колку ќе се зафати од државната каса не се знае.

Од понудените решенија, граѓаните, како што беше објавено, одбраа ваков изглед на зградата на Владата. Дел од архитектите негодуваа, а и аворот на сегашниот проект   Петар Муличковски  не се согласи, и смета   дека му се прекршуваат авторските права што ги поседува врз архитектонското решение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма