Бакрачески порача дека независно од политичката кампања, останува посветен на професијата

Од:

Кандидатот за градоначалник на Охрид на коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Бакрачески денеска вети дека начинот на кој изминатите години успешно го водеше Заводот за кардио-васкуларни заболувања „Св. Стефан“ во Охрид ќе биде идентичен постулат врз основа на кој ќе ја предводи и идната локална администрација.

Тој на сите граѓани на Охрид им порача дека независно од политичката кампања, останува посветен на професијата, односно дека и после неговиот избор за градоначалник најмалку еднаш седмично ќе работи во катетеризационата лабораторија на Заводот односно ќе се отповикува на сите повици за интервентни и животноспасувачки зафати.

За сите лични навреди упатени од неговиот противкандидат, Бакрачески нагласи дека нема намера да ги коментира и побара од граѓаните да ги проценат неговите и менаџерските вредности на неговиот противкандидат, односно актуелниот градоначалник Александар Петрески.

– Менаџерските способности се одредуваат спрема параметри што се однесуваат на професионалниот дел од било која сфера, според организациски способности, сето вреднувано според утврдени системи што ја определуваат способноста на еден менаџер и мерливи параметри според финансиските показатели. Заводот за кардио-васкуларни заболувања од кога е под мое раководство не должи ниту еден денар на добавувачите, не задоцнил ниту еден ден во исплатата на платите на вработените, додаде Бакрачески.

Во сите мои настапи, подвлече, се залагав за коректен начин на политичко комуницирање, затоа што мојата цел беше барем во Охрид да се обидеме да покажаме дека припаѓаме на цивилизирана заедница.

Би можело да ве интересира

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД