Бакрачески најави серија проекти насочени кон забрзан економски развој на Охрид

Од:

Засилени активности во насока на локален економски развој на Охрид денеска најави кандидатот за градоначалник на коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Бакрачески.

Тој истакна дека пристапот негов и на неговиот тим кон економскиот развој на градот ќе биде дијаметрално спротивен на оној на досегашната локална самоуправа, истиот ќе има проактивна улога, ќе се базира врз реална основа и професионални експертизи, како и преку преземање низа активности за користење и распределба на средствата, како од општинската, така и од државната каса.

– За да се забрза локалниот еконмски развој, нашата програма се базира врз неколку основи, неопходно да бидат подобрени, а во моментов стојат мошне лошо. Тоа се пред се развој на индустријата и стопанството со поддршка малите и средни претпријатија, унапредување и развој на туризмот и културата, средување на урбанистичките активности и заштита на животната среидна, подпбрување на комуналната хигиена, сигнификантно унапредување на меѓународната соработка на градот и секако унапредување на земјоделството и агро-бизнисот, рече Бакрачески.

Тој како конкретни проекти за реализација на заложбите за забрзан економски разво ги посочи: ревизија на стратегијата за локален економски развој што ќе ги опфати сите области, со акцент ставен врз туризмот, формирање економски совет на општината задолжен за следење на состојбите, благовремено детектирање на проблемите и изнаоѓање најдобри решенија, потоа организирање  денови на македонската дијаспора со цел нивна поддршка на проектите за надградување на локалниот економски развој на општината, отворање индустриска зона и привлекување нови инвеститори преку атрактивни понуди ослободени од обврските за комуналии, како и нов современ градски трговски центар што ќе ги задоволи потребите на поширокиот регион.

– Со сите овие активности планираме да креираме сигнификантен број нови работни места во градот и да го подигнеме животниот стандард . Тоа се само крупните насоки по кои ние имаме намера да го водиме локалниот економски развој, додаде Бакрачески.

Би можело да ве интересира

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски