Бакрачески ги повика граѓаните на Охрид да изберат подобра иднината

Од:

Кандидатот за градоначалник на Охрид на коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Бакрачески денеска во завршното обраќање пред граѓаните пред престојните локални избори истакна дека сончевиот ден е предвесник на големата победа што тој и советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесат на 24 март и најава на светлата иднина на градот Охрид.

– Како што и ветив, на сите мои јавни настапи ги промовирав позитивните вредности на кампањата. Особено сум горд на она што го остваривме на средбите со граѓаните, од енергијата што ја црпевме од нив. Тие барат промена, нов правец на движење на градот и оттаму произлезе нашата програма, што е најсериозна и најобемна досега создадена за Охрид, во која може да се пронајде секој поединец, рече Бакрачески.

Тој истакна дека програмата ги отсликува нивните желби, потреби, но и очекувања и дека програмата ќе го води градот кон нова и светла иднина, прогама што ќе ги врати засенетите вредности на Охрид.

– Охриѓани заслужуват еден мошне поинаков град, Охрид заслужува многу поубава иднина, а иднината и светот го заслужуваат Охрид во сиот негов сјај, рече Бакрачески повикувајќи ги сите граѓаните на 24 март да излезат на гласање, да го дадат гласот за него и за коалицијата „За подобра Македонија“ затоа што само на тој начин желбите на граѓаните ќе станат реалност.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември