Бакраческа: Од реформи во здравството добивме само смена на министри

Од:

Исто како и претходното составување на Владата така и при сегашниот предлогот на министрите се прави класична распределба меѓу коалиционите партнери, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Грација Бакраческа на денешната собраниска седница.

„Доколку премиерот беше вистински премиер на државата требаше да има способност да одбере луѓе со интегритет кој ќе ја водат државата во правилна насока. Сметам дека крајно време беше и парламентарното мнозинство барем еднаш да се надмине себе си и да продискутираме отворено за предложените кадри, но за жал и овој пат по не знам кој пат имаме менувања без образложение“, рече Бакраческа.

Таа посочи дека за да се стигне до ЕУ она што е најважно се вистинските луѓе да дојдат на вистински места во оваа држава
Бакраческа истакна дека на столчето од Никола Тупанчевски ќе дојде Кренар Лога и додека тој ги детектира проблемите во судството ќе му истече мандатот.

„Ваквата брза смена стани – седни на удобното столче не е добро решение“, рече пратеничката.

„За жал реалноста поврзана со здравствениот систем во Македонија не е ни малку блескава, се навикнавме на дисфунционалост и бројни неодговрени прашања. Ако некои се нафатил да води здравствени систем мора да знае да спроведува мерки на секој чекор. Од реформи во здравството добивме само смена на министри. Тројца министри се сменија за само две години а никаков напредок не водовме“, изјави Бакраческа.

Таа додаде дека македонското здравство мора тотално да се реконструира а за тоа најодговорна е Владата заедно со сите нераализирани ветувања.

„Од она што го ветуваа видовме само искористувања на можноста за огромни заработки на поединци, па дури и кога тоа се плаќа за нечие здравје и живот“, вели таа.

„Очекувавме многу, а не добивме ништо. Очекувавме квалитетни услови за живот а добивме огромен процент на сиромаштија кај младите луѓе. Секој 4-ти млад човек се соочува со сиромшатија, а 1/3 од корисниците на социјална помош се млади. Младите мора да ни се во фокусот и сте заедно треба да работиме за задржување на младите во оваа држава, затоа што без млади државата не може да оди напред“, кажа Бакраческа.

Бакраческа и посочи на власта да се зафати со работа, затоа што луксузни хациенди кои ги имате нема да ги нахрани граѓаните.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски