Бајрами не е избеган, тој не живее во државава вели адвокатот на екс директорот на Лотарија

Од:

Адвокатот Антонио Апостолски ќе го застапува поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами во случајот за кој тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште неколкумина е осомничен за проневера на околу осум милиони евра во Лотарија.

Информацијата ја потврди Апостолски, кој рече дека Бајрами не е избеган од државата туку веќе неколку месеци живее надвор од државата.

И премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за овој случај, во гостувањето на емисијата „Кликплус“ рече дека директорот на Државната лотарија подолго време не е во државата.

– Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил Македонија и се упатил кон нашиот северен сосед Косово, рече Мицкоски.

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница за Груби и Бајрами откако Основниот кривичен суд во Скопје им одреди мерка притвор од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

Почнува судењето против поранешниот вицепремиер Артан Груби

Нелогични и непостоечки трансакции, сомнтелни манипулации со дневен промет – сериозни сомнежи за работењето на Државна лотарија

Ново апсење за случајот случајот „Државна лотарија“

Катерина Ѓуровски