Бајден: Проширувањето на ЕУ да продолжи и да ја вклучи и Македонија

Од:

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден вчера зборувал телефонски со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и нагласил дека процесот на проширување треба да продолжи со земјите од Западен Балкан и да ја вклучи Северна Македонија, објави денеска на својот официјален твитер налог американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

– Бајден и нагласил на Фон дер Лајен дека процесот на проширување треба да продолжи со земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, подвлекувајќи го нејзиното значење за регионалната стабилност, развој и просперитет, стои на твитер налогот на амбасадорката Брнз.

Во соопштението од Белата куќа за разговорот се наведува дека претседателот Бајден, вчера во разговорот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен ја потврдил неговата поддршка за Европската унија, како клучен партнер за Соединетите Држави, и неговата посветеност да продолжи со спроведувањето на резултатите од јунскиот самит САД-ЕУ. Меѓу другото се наведува дека „лидерите разговараа и за Западен Балкан и претседателот Бајден пренесе силна поддршка за продолжување на процесот на пристапување со земјите од овој регион“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

„Колку сте уверени дека нема да има војна? Бајден: Колку сте сигурни дека нема да врне?

Катерина Ѓуровски

Бајден му нареди на Пентагон: Прилагодете ги позициите на американската војска на Блискиот Исток

Горан Наумовски

Бајден: Смртта на шефот на Хезболах е мерка за правда

Горан Наумовски

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Бајден: Можна е општа војна на Блискиот Исток, но можно е и да се дојде до решение

Горан Наумовски