Бајден на „Твитер“ ја поздрави ратификацијата на Протоколот во Сенатот на САД

Од:

Поранешниот американски заменик-претседател Џо Бајден денеска на „Твитер“ изрази силна поддршка за интегрирањето на Северна Македонија во НАТО, откако завчера Сенатот го ратификуваше Протоколот за членство во Алијансата.

-Силно го поддржувам одобрувањето на членството на Северна Македонија во НАТО од Сенатот. Земјите од Западен Балкан заслужуваат да бидат дел од Европа во целина, слободни и во мир и ние треба да ги поддржуваме евроатлантските интеграции во целиот регион, напиша Бајден на својот „Твитер“ налог.

Бајден е еден од кандидатите за американски претседател од Демократската партија.

Тој неодамна изјави дека доколку Доналд Трамп биде реизбран на изборите следната година, НАТО ќе престане да постои.

-Доколку тој (Трамп) повторно биде избран, ви ветувам дека нема да има НАТО… Ќе имаме вистински проблеми, рече Бајден за време на дебатата меѓу демократските кандидати за иден американски претседател.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британците не разменуваат разузнавачки информации со САД поради нападите врз бродови во Карибите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Американскиот Сенат гласаше за крај на најдолгата блокада на владата

ВИДЕО: Заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД, сенатот постигна договор

Илјадници откажани и одложени летови во САД поради затворањето на владата

А1он

Карибите на работ на војна; Путин му испраќа оружје на Мадуро – САД подготвуваат одговор

Москва тврди дека НАТО подготвува блокада на Калининград, американскиот генерал: „Би уништиле сè за неколку часа“