„Бадникови поворки”: Родителите писмено се согласија децата да учествуваат во верските поворки

Од:

Здружението за возобновување на православни традиции „Бадникови поворки” реагира на изјавата на Драги Змијанац од Првата детска амбасада „Меѓаши” дека е направена „политичка злоупотреба на деца преку верски традиции од страна на актуелната власт”.

„Организирањето на манифестацијата „Бадникови поворки” е чисто граѓанска иницијатива во која не се инволвирани ниту институциите на државата ниту црквата. Зад целосната организација на настанот кој возобновува древна православна традиција на прослава на Бадник и Божик со пеење божикни песни, а возобнувањето на ваквата традиција не започнува оваа година, туку трае веќе неколку години наназад. За секое вклучено дете во настанот, Здружението поседува Изјава за согласност од родител со што сите ваши сомнежи за каква било злоупотреба се неосновани“, се наведува восоопштението.

Тие наведуваат дека во последниот месец од подготовките за големиот народниот настан, членовите на здружението упатиле писма до градоначалниците во кои ги замолиле на 6 јануари, како татковци на општината, да ги отворат вратите за коледарчињата од својата општина кои ќе учествуваат во создавањето на најголемата коледарска дружина во православниот свет. „Тоа што тие одговорија позитивно на нашата желба да ги посетиме, можеме да го оцениме само и единствено како одговорно однесување на првите луѓе на општината кон жителите на својата општина. Жалиме што неосновано, без никаков аргумент, одлучивте, на прв ден Божик, кој за нас е еден од најголемите и најрадосните празници, да се обидете да внесете немир меѓу нас православните христијани кои имаме потполно право да ги носиме нашите деца во православните храмови. Ние сме нивни родители и старатели и знаеме што е најдобро во подигањето и развојот на нашите деца, имаме право да ги учиме на нашата традиција на која можеме да се гордееме и да им укажеме дека не ни се неопходни Халовин и слични увезени традиции за да празнуваме во радост и веселие. Впрочем како што и нагласува Универзалната декларација за човекови права: „родителите или старателите на детето имаат право да го организираат семејниот живот во согласност со нивната религија или уверувања…” Или како што се вели во членот 18 од Конвенцијата за правата на детето дека „за се’ што се презема за детето и во негов интерес, одговорноста ја имаат родителите“. Затоа, би било далеку пополезно во овој празничен период, наместо на неосновани обвинувања, сите заеднички да се посветиме на разубавување на животот на децата кои навистина се злоупотребувани, занемарени и оставени сами на себе“, се додава во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Централно одбележување на Бадник пред Соборниот храм, Јанковски и Тановски годинашни кум и здравичар

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божик

Традиционално сечење бадникови гранчиња, на Бадник ќе им се делат бесплатно на граѓаните пред Соборниот храм

ВМРО-Народна ги повика скопјани да го бојкотираат палењето на бадникарски огнови

Православните христијани го слават Бадник

Катерина Ѓуровски

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ

Ана Ололовска