Бадникова поворка низ струшките улици

Од:

Со пеење на песната „Вечниот бог“, најмалите стружани денеска прошетаа низ улиците во градот носејќи макета од пештерата во која се родил Исус Христос и го најавија Христовото раѓање.

Бадниковата поворка тргнаа од пред црквата „Свети Ѓорѓи“, а дечињата со ѕвезди и ѕвончиња поминаа низ улиците во централното градско подрачје, движејќи се по кејот на реката Црн Дрим и низ Чаршијата најавувајќи ја големата радост. Поворката заврши во храмот од кај што тргнаа, каде беа послужени со топло чајче и посни колачиња, а добија и пакетчиња.

Децата велат дека се среќни што можат да учествуваат во поворката и пеејќи ја „Вечниот Бог“ да внесат радост во православните семејства. И повозразсните стружани изразија задоволство што се негува традицијата во градот и им се пренесува на најмалите.

Во Струга не беше изоставена ниту коледарската традиција. Дечињата рано утринава одеа во домовите каде беа дарувани со посни колачиња, пари, бонбони, овошје…

Би можело да ве интересира

Православните христијани го слават Бадник

Катерина Павлова-Николовска

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ

Ана Ололовска

Се е подготвено за 30. традиционално бадникување пред Соборниот храм во Скопје

Ана Ололовска

Симболично сечење на бадникови гранчиња на Водно во пресрет на Божик

Ана Ололовска

В недела на Водно традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2022

Ана Ололовска

Полицијата растури собир во црква, свештеникот и 15 учесници спроведени во полициска станица

Ландов