„Во свое лично име и во името на Народно движење за Македонија упатувам честитка до народот и до светата македонска православна Црква по повод денот на најголемиот ученик на светите Кирил и Методиј – големиот народен светител и просветител Свети Климент Охридски.
На овој голем и светол ден упатувам јасна порака до непријателите на македонското дело дека ќе бидат поразени сите во обидот за уништување на светата македонска црква, македонската нација, култура, историја и воопшто македонската земја од каде потекнува писменоста на човештвото за што немерлива е улогата и на Свети Климетн Охридски со основањето на Првиот словенски универзитет во Охрид во 886 година.
Единствен начин како да се заштитиме е надминувањето на националната и духовна поделба меѓу Македонците преку семакедонско единство како најсилна брана од секаква внатрешна и надворешна закана на што не обврзува свети Климент Охридски заштитникот на македонскиот народ“, се вели во писменото соопштение на НДМ.