Народно движење за Македонија и Здружението за заштита на граѓанските права „Но пасаран„ пред Уставниот суд се осврнаа на сканалозното постапување на Уставниот суд да ја отфрли Иницијативата на НДМ за уставноста на Правилата на Регулаторната комисија за енергетика без да расправа за Иницијативата.
Претседателот на НДМ, д-р Јанко Бачев, во изјавата за медиумите истакна: – Пред точно една година НДМ поднесе Иницијатива до Уставниот суд за уставна оценка на Правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од Регулаторната комисија за енергетика со кои исклучените од мрежата на парно греење плаќаат за парно што не ги грее. Пред една недела добивме одлука на Уставниот суд со која се отфрла Иницијативата на НДМ. Оваа одлука на судот е скандалозна. Имено, Уставниот суд донел одлука без воопшто да расправа за она што се бара во Иницијативата на НДМ. Иницијативата на НДМ се сведува на тоа што со Правилата на Регулаторната комисија се утврдува парична давачка за граѓаните иако според Уставот давачка може да утврди само Собранието со закон, што значи дека Регулаторната комисија нема уставно овластување со подзаконски акт да утврдува давачка за граѓаните. Оваа давачка не произлегува ниту од Законот за енергетика. Уставниот суд нема образложение за ова и во неговата одлука само наведува дека веќе било расправано за ова прашање. Ова е целосна невистина. Точно е дека имало повеќе иницијативи до судот од други подносители но тие биле по други правни основи. Иницијатива со барање како што е Иницијативата на НДМ, односно, дали со подзаконски акт може да се пропише парична обврска како во случајот со исклучените од парно греење, досега не е поднесувана за уставна оценка пред судот. Затоа Уставниот суд бил во обврска да расправа по Иницијативата на НДМ, но, како што гледате не е така и затоа ќе преземеме наредни чекори за да ја задоволиме правдата во целост и исклучените граѓани да не плаќаат за услуга што не ја користат.
Марјан Ненов од Здружението „Но пасаран„ рече: – Досега од постоењето на државноста на Република Макеоднија и постоење на Уставот на државата ова е најниското ниво на Уставен суд во државата. Од 2012 кога с еизбрани овие судот започна партизацијата на уставните судии кои ги штитат бизнис интересите на монополите и интересите на власта. Затоа Здружението за заштита на граѓанските права бара од сега натаму платите на уставните судии да ги обезбедува Балкан енерџи груп а не да се обезбедува од буџетот на Република Македонија, бидејќи ние граѓаните не сакаме повеќе да ги плаќаме судиите.