Автомобилот на обвинителот Гаврил Бубевски е едно од опожарените возила кај бараките на „Улици и патишта“

Од:

Едно од возилото кое е опожарено ноќеска е сопственост на обвинителот Гаврил Бубевски, дознава „А1он“. Станува збор за „Шкода“ со скопски регистрации, која била паркирана на тротоарот, до бараките на ЈП „Улици и патишта“. „А1он“ се обиде да исконтактира со Бубевски, но тој не одговори на телефонските повици. Неговиот автомобил се запалил откако пожарот се проширил од другото возило, кое било паркирано зад неговото. Според првичните информации, од возилото на Бубевски е зафатен само задниот дел.

Од МВР велат дека пожарот е пријавен еден час по полноќ. Прво се запалил „Нисан“ со скопски регистрации. Второто возило, кое е на обвинителот Бубевски, било делумно зафатено. Бараките на ЈП „Улици и патишта“ биле целосно опожарени.

„Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот“, велат од МВР за „А1он“.

Инаку, пожарот бил предизвикан откако возилото „нисан“ експлодирало. По ова, пожарот веднаш ги зафатил дрвените бараки, по што брзо се проширил. Од Противпожарната бригада за „А1он“ веќе кажаа дека имале проблем при гаснењето, поради кровот кој бил целосно опожарен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени

Изгореа четирицикли на плац во близина на Попова Шапка

Горан Наумовски

Трагедија во Русија: Пожар „проголтa“ цела зграда, има мртви и повредени

(ВИДЕО) Белград: Пожар на покривот на Имо Центар

(ВИДЕО) Тројца загинати во пожар во близина на Милано

А1он

Уапсен е пироман од Флорида кој подметна пожар во кој изгореа 12 луѓе

А1он