Автомобил, трактор, дрвна конструкција и 500 бали сено изгореа во пожар во Долнени

Од:

Вчера во 16.00 часот било пријавено дека во с.Црнилиште, општина Долнени настанал пожар во помошна просторија во двор од куќа сопственост на Ѓ.С.(56).

Во пожарот целосно изгорена била целата дрвна кровна конструкција покриена со лимен покрив, околу 300 бали сено, 500 бали сув тутун, машина за нижење тутун, трактор, патничко возило и делумно изгорено уште едно патничко возило.

Исто така, од пожарот на помошната просторија оштетена е доградбата на новоизградената куќа во истото дворно место.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп. Повредени лица нема, а извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Би можело да ве интересира

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија