Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Од:

Автомобил утрово излетал во водите на Охридското Езеро на влезот во Струга, повредени нема.

Случајот го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој информира дека случајот бил пријавен во 5.30 часот во ОВР Струга.

– Патничко возило „форд“ управувано од Н.Е.(43) од скопското село Орланци, кое се движело по улицата „Партизанска“ во Струга, излетало од патот и паднало во водите на Охридското Езеро. Повредени лица нема, изјави Димоски.

По извршениот увид возилото е извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Кај Елешец изгоре глисер на тетовец

А1он

Пронајдено e телото на нуркачот од Бугарија кој исчезна во водите на Охридското Езеро

А1он

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското езеро

А1он

Се удави 49 годишник во Охридско Езеро

А1он

Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван

Полицијата спаси четири лица од пловен објект во Охридско Езеро откако им се скрши дел од едрилицата

Горан Наумовски