Автомобил излета од патот Тетово-Радиовце, возачот загина

Од:

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Тетово-село Радиовце.

Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа околу 23.30 часот на регионалниот пат Тетово-село Радиовце, Н.И.(52) од село Милетино, управувајки патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво. Од здобиените повреди Н.И. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местотo извршил Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он