Автомобил излета од патот Штип-Велес, повредени две лица

Од:

Жител на Свети Николе со автомобил излета од патот Штип-Велес, по што се здобил со тешки повреди. Во несреќата повредена е и 33-годишна сопатничка.

Според информациите на МВР, вчера во 20 часот на магистралниот пат Штип – Велес, помеѓу село Криви Дол и село Кадрифаково, се случила сообраќајна незгода во која автомобил „уди А4“ со германски регистарски ознаки, управувано од В.Д. (32) од Свети Николе, излетало од патот.

Тој се здобил со тешки телесни повреди, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека со телесни пoвреди се здобила сопатничката С. П.(33) од село Кравари, битолско. Извршен е увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он