Автомобил и мотор се судрија во Струга, тешко повреден мотоциклистот

Од:

Синоќа во полициската станица Струга било пријавено дека на улицата Партизанска во градот се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кимко“, управуван од Л.К.(31) од селото Велешта и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Р.Ш.(34) од селото Калишта, двете со струшки регистарски ознаки.

Притоа, како што соопшти МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршиле полициски екипи.

Би можело да ве интересира

58-годишен мотоциклист заврши на болничко лекување на скопските клиники

Двајца повредени во незгода на регионалниот пат Куманово-Свети Николе

Мотоциклист паднал на коловоз и завршил во болница

Загина мотоциклист во сообраќајка кај Кочани

Горан Наумовски

Повредени малолетник и 22-годишник по пад од мотор

Повреден мотоциклист од светиколското село Ерџелија