Автоматски систем за надводнување во три парка во Аеродром

Од:

Автоматски систем за наводнување ќе добие паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче и во двата парка меѓу зградите зад ТЦ „Скопјанка“ во населбата Острово. Системот ќе почне да се поставува идната недела, и ќе биде во функција за претстојното лето.

Општина Аеродром информира дека во паркот кај игралиштето „Нирнберг“ покрај булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во Ново Лисиче, системот за наводнување на 15.000 квадратни метри ќе содржи над 200 прскалки, кои ќе се вклучуваат автоматски во одредени временски интервали и на тој начин зелените тревни површини константно ќе ги одржуваат свежи. Системот за наводнување ќе се напојува со бунарска вода и на тој начин ќе се заштеди водата за пиење.

Ваков автоматски систем за наводнување ќе биде изграден и во двата парка меѓу зградите зад ТЦ „Скопјанка“, кој ќе покрива вкупно 13.000 квадратни метри зелена површина со 230 прскалки.

Ваков систем е поставен веќе во Паркот со авион, Паркот на езерата, Паркот на светлината, паркот „Бановина“, Паркот „13 Ноември“, Паркот „Јане Сандански“ и Паркот „Тоше Проески“.

Во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ во паркот „Нирнберг“ се садат и 80 дрвца од видовите гинко, платан, јасен, софора, сорбус и липа, со што ќе се збогати и флората во овој дел на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по бројот на патници

А1он

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски

Маж од Аеродром е пронајден мртов во својот дом

Горан Наумовски

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром