Автобусите на ЈСП утре со неделен возен ред, но на сите линии ќе се вклучат подоцна

Од:

Автобусите од јавниот превоз во Скопје утре, 1 јануари, ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред. В недела (2 јануари) ќе се вози по неделен возен ред, со вообичаените термини на првите вклучувања на сите линии, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Сите билетарници и центри за персонализација денеска (31 декември) ќе работат до 17 часот, утре (1 јануари)  дежурни од 10 до 17 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров. В недела (2 јануари) дежурни од 7 до 19.30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата утре (1 јануари) ќе работи од 11 до 17 часот, в недела (2 јануари), вообичаено од 10 до 17 часот. Во понеделник (3 јанаури), нема да работи, бидејќи секој понеделник, како и секој последен вторник во месецот се прави редовен преглед на објектот.

Поради училишниот зимски распуст, од понеделник (3 јануари) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимски ред.

ЈСП потсетува дека за време на зимскиот распуст нема да важат  годишните средношколски билети за бесплатно користење јавен превоз.

Распоред на првите вклучувања на автобусите утре (1 јануари): 

Градски линии: 

Линија 2:  7.05 од Автокоманда 1 и 7.10 од Сарај

Линија 2А: 11.31 од Железара и  12.25 од Сарај

Линија 3: 10.30 од Панорама и 9.45 од СЦ „Јане Сандански“

Линија 3Б:  8.45 од Кванташки пазар и 9.30 од Панорама

Линија 4: 11.40 од Хром и 11.40 од 11 Октомври

Линија 5:  6.43 од Ново Лисиче и 6.43 од Дексион

Линија 7;  7.45 од Горно Лисиче и 7.59 од Карпош 3

Линија 8: 11.40 од Љуботенски Пат и 11.00 од Влае

Линија 9:  6.56 од Клинички центар и 7.03 ч од Скопје север

Линија 12:  7.35 од Скопски саем и 7.35 од Шишево

Линија 15:  6.38 од Ново Лисиче и  7.23 од Карпош 4

Линија 15А:  7.26 од Ново Лисиче и 6.45 од Карпош

Линија 16: 7.30 од Пржино и 7.05 од Железара

Линија 19: 7.40 од Карпош 4  и 7.44 од Шуто Оризари

Линија 20: 7.40 од Шуто Оризари и 7.40 од Транспортен центар

Линија 21: 11.15 од Транспортен центар и 12.05 од Бардовци и болница

Линија 22:  7.45 од Транспортен центар и 7.35 од Лепенец

Линија 22А: 9.43 од Клинички центар и  8.50 од Лепенец

Линија 23: 7.00 од Ченто и  7.00 од Дом на печат

Линија 24:  8.50 од Припор и  8.10 од Тафталиџе 2

Линија 25: 9.00 од Транспортен центар и 9.40 од Средно Водно

Линија 25А: 9.00 од Стара железничка станица и 9.30 од Средно Водно

Линија 25Б: 9.15 од Дом на печат и 9.45 од Средно Водно

Линија 27: 12.05 од Дом на печат и 12.45 од Вардарска

Линија 41: 7.27  од Транспортен центар и 7.14 од Драчево Типо

Линија 45: 11.40 од Транспортен центар 11.00 од Ченто

Линија 50: 7.08 од Хиподром и 7.44 од Клинички центар

Линија 57 7.15 ч од Радишани 7.32 ч од Козле

Линија 59: 11.35 од Кучевишка Бара и 10.50 од Карпош

Линија 65В: 8.13 од Транспортен центар и  7.33 од Стајковци, Бр.пат

Приградски линии:

Линија 11: 7.30 од Транспортен центар   и   8.30 од Рашче

Линија 11а: 8.00 од Транспортен центар   и 7.00 од Свиларе

Линија 18: 13.25 од Транспортен центар   и  14.00 од Визбегово

Линија 31: 12.15 од Транспортен центар   и  13:00 од Долно Лисиче

Линија 32: 15.05 од Транспортен центар   и  15.50 од Љубин

Линија 47: 10.40 од Транспортен центар   и  11.25 од Љубанци

Линија 47а: 13.30 од Транспортен центар   и  7.15 од Љуботен

Линија 51: 12.05 од Транспортен центар   и  13.10 од Студеничани

Линија 52: 10.20 од Транспортен центар  и  10.40 од Ржаничино

Линија 53: 8.45 од Транспортен центар и  7.20 од Катлановска Бања

Линија 55: 8.40 од Транспортен центар  и  8.05 од Арачиново

Линија 56: 10.00 од Транспортен центар  и 11.00 од Бојане

Линија 58: 13.30 од Транспортен центар  и  14.20 Добри Дол

Линија 58а: 7.10 од Транспортен центар   и   8.00 од Св.Петка

Линија 58б: 14.30 од Транспортен центар   и 15.30 од Брзовец

Линија 60: 12.10 од Транспортен центар   и   13.00 од Матка

Линија 61: 8.30 од Транспортен центар   и  7.40 од Побожје

Линија 63: 8.20 од Транспортен центар   и 8.20 од Мралино

Линија 63а: 14.00 од Транспортен центар  и  14.50 од Ајватовци

Линија 164: 11.20 од Волково и 11.30 од Никиштани

Линија 65: 7.10 од Транспортен центар   и 8.00 од Раштак

Линија 66: 7.10 од Транспортен центар   и  8.15 од Бучинци

Линија 67: 7.50 од Транспортен центар  и  8.50 од Зелениково

Линија 68: 10.20 од Транспортен центар   и 11.40 од Сушица

Линија 70: 10.45 од Транспортен центар  и 11.25 од Батинци

Линија 71: 12.50 од Транспортен центар  и 13.40 од Бањани

Линија 74: 12.30 од Драчево и 12.50 од Долно Количани

Линија 81: 11.40 од Транспортен центар   и 12.40 од Горњани

Би можело да ве интересира

Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата

Горан Наумовски

ЈСП: Не доцни платата на вработените, повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка кризa

ВМРО-ДПМНЕ: ЈСП е бунар без дно, Арсовска да каже зошто нема плати за вработените и покрај изгласаните 700 милиони денари?

Инцидент во автобус на ЈСП поради политички тензии

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година