Aвтобус вршел меѓународен превоз на патници без соодветна документација, изречени соодветни санкции

Од:

Денеска од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај автобус кој вршел меѓународен превоз на патници, извести МВР.

– При контрола на автобус сопственост на туристичка агенција од Скопје, било констатирано дека нема задна регистерска табличка, за што е изготвен соодветен поднесок, а, исто така, констатирано е дека вториот возач А.Б. не поседува лекарско уверение како и сертификат за професионален возач за меѓународен прево на патници и во соработка со Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачот и правното лице, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он