Автобус се запалил утрово близу Гостивар, нема повредени

Од:

Автобус со скопски регистерски таблици, кој се движел кон Охрид, се запалил утрово на магистралниот пат Гостивар – Кичево, а ниту еден од патниците не е повреден.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил утрово околу 09,20 на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кога автобусот со кој управувал К.М.(51) од Скопје, се запалил во пределот на моторот, по што запрел и од него излегле сите патници.

– Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита, нема повредени, посочуваат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он