Австриска донација во камиони за чистење

Од:

Три нови камиони за чистење денеска беа предадени во функција на градот Скопје. Донацијата, која е од Градот Виена, австрискиот амбасадор во Скопје, Томас Бајер свечено ја предаде на градоначалникот Коце Трајановски.

Донацијата се состои од два камиони за чистење и собирање отпад и еден камион за чистење снег, кои со посредство на компанијата Пакомак, јавното претпријатие Комунална хигиена и Улици и патишта значително ќе го подобрат возниот парк.

– Благодарни сме за оваа донација од Градот Виена, кој важи за еден од најчистите и најубавите градови во Европа. Се надеваме дека во периодот кој следи ќе разменуваме искуства и позитивни практики кои ќе придонесат до подобра системска организација и ефикасност на терен од страна на нашите служби. Добиваме три квалитетени и високо ефективни камини, кои се надеваме дека долго време ќе ги користиме и ќе ни помогнат во секојдневната работа, изјави директорот на Комунална Хигиена Ракип Дочи.

Соработката меѓу градовите Скопје и Виена е воспоставена преку македонската компанија Пакомак и нејзиниот партнер во Австрија, а ќе  продолжи и понатаму во рамките на потребите на градот Скопје.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош