Аврамовска – Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто

Од:

Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ до 19.45 часот, се излезени 12.608 или 54 проценти од запишаните. Сите 77 избирачки места беа отворени и општинските изборни комисии го спроведуваа согласно правилниците, донесени од Централниот одбор и одредбите на Статутот на партијата, изјави вечерва претседателката на Централната изборна комисија, Викторија Аврамовска Мадиќ оценувајќи го процесот за демократски и успешен.

Таа посочи дека во Општина Студеничани е констатирано дека предвреме е затворено избирачкото место од страна на Општинската изборна комисија и поради тоа Централната изборна комисија одлучила да го поништи гласањето.

-Вкупно акредитирани во општинската организација на Студеничани се 66 гласачи, а до моментот на затворање на избирачкото место гласале 51 гласач, со тоа што констатирано е дека оваа бројка нема да влијае на конечниот резултат. Констатирано е прекин на гласањето и во Општина Гевгелија од 10 минути, поради кршење на избирачката кутија од страна на член на Социјалдемократскиот сојуз. Извршена е замена на кутијата и гласањето е продолжено во најдобар ред, рече претседателката на ЦИК.

Во текот на денот до ЦИК, додаде таа, пристигнале и повеќе приговори.

-Прифатени се приговори во шест општински организации на седум членови на кои им се овозможи гласање, иако не беа во избирачкиот список, затоа што по проверката во системот се констатира дека истите овие членови се акредитирале и се регистрирале во системот за активна регистрација. Вкупно 44 членови од девет различни општини доставија пријава до Централната изборна комисија да им биде овозможено да можат да гласаат. Овие приговори се одбиени поради тоа што по проверка во системот се констатираше дека не се акредитирани преку активна регистрација и не доставиле образец за активна регистрација во нивната општинска организација, наведе Аврамовска Мадиќ.

Таа нагласи дека сите овие примери кои што ги наведе се значителни и немаат речиси никакво влијание на целиот процес, но во името на транспарентноста и информирањето на членовите и на јавноста Централната изборна комисија одлучила да ги соопшти.

-Упатуваме благодарност во името на Централната изборна комисија за сите оние кои беа дел од овој процес за успешниот и демократски процес спроведен на внатрепартиските избори во СДСМ. По завршување на обработката на податоците во 77 избирачки места Централната изборна комисија ќе ги соопшти конечните резултати, рече Аврамовска Мадиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски