Авопатот Кичево-Охрид и „зелената нафта“ пред пратениците

Од:

Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 40. седница на чиј дневен ред се преку 60 предлог-закони, треба да ги разгледа во второ читање и дополнувањата на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци – Штип и патната делница Кичево-Охрид, по скратена постапка.

Автопатот Кичево-Охрид треба да биде готов до јуни 2021 година. Владата на 20 март годинава го усвои првиот анекс на договорот со кинеската компанија Синохидро со кој рокот за градба се пролонгира за три и пол години.

Меѓу предлог-законите се и измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кој се предвидува воведување „зелена нафта“, односно кофинансирање на трошоците за набавка на гориво за земјоделското производство до 50 отсто што, според Владата, треба да овозможи намалување на производните трошоци и поголема конкурентност.

Во моментов во тек е 38. седница на која досега во прво читање поминаа околу 30 предлог-закони, сите во прво читање.

За денеска Собранието има закажано уште две седници, продолженија на осмата и 40-тата.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање