(ВИДЕО) Авионот е паднат и пронајден кај селото Кожле

Од:

Два километри над селото Кожле, катлановско е пронајден паднатиот авион кој изгуби контакт со кулата во Скопје.

Медиумските екипи се сопрени од полицијата на километар пред селото и најверојатно до утре нема да биде дозволен приод до местото на несреќата.

Во авионот имало шест патници од кои четворица биле од Италија и двајца од Косово каде била и крајната дестинација на летот.

Во несреќата загинале сите шест патници чиј идентитет не е утврден.

Авионот бил приватен со германски национални ознаки, од типот „Пајпер Па 34-200 Т Сенека“. Полетал од Тревизо, Италија, а крајната дестинација му била Приштина. Над Македонија требало да изврши прелет и бил пријавен на аеродромот „Александар Велики“-Скопје за дополнување гориво.

Исчезнувањето на авионот од радарот денеска попладне во 17.40 часот во МВР го пријавила Контролата на летање на скопскиот аеродром.

За настанот е информиран Јавен обвинител и Комитетот за истражување авионски несреќи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мал авион падна на автопат во Италија, има мртви и повредени

(ВИДЕО) Се урна воен авион во Бангладеш, има мртви и повредени

Двајца загинати во авионска несреќа во Романија

Австралија бара отштета од Русија за соборувањето на авионот во кој загинаа 298 лица

(ВИДЕО) Нови докази за падот на азербејџанскиот авион: „Русите наредиле соборување со ракета“

Горан Наумовски

Авионска несреќа во Русија, загина пилот