• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Авион на „Визер“ со откажан мотор безбедно слетал на скопскиот аеродром

by А1он31/03/2018 - 22:1031/03/2018 - 22:11522
Share0

На пет минути пред слетување на скопскиот аеродром откажал мотор на авион на „Визер“ кој летал на релација Базел – Скопје ноќта меѓу четвртокот и петокот, во 00:15 часот, но слетал безбедно, потврдија за МИА од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) и од М-НАВ.

Добивај вести на вибер

Пилотскиот екипаж ја направил стандарната процедура во таква ситуација, извршил кружења над скопскиот аеродром за подготовка на конфигурацијата на авионот и безбедно слетале.

– Согласно вашето барање за настанот кој се случи на 30 март во 12:15 по локално време на Интернационалниот аеродорм Скопје на летот Базел – Скопје ве информираме дека во фаза на приод за слетување на Скопскиот аеродром на авионот му откажал еден од двата мотора без можност за повторно покренување. Пилотот декларирал вонредна случка по што службите на М-НАВ и ТАВ реагирале согласно процедурите. После два холдинга над аеродормот екипажот успешно го слетал авионот на писта и ги истоварил патниците без никави проблеми, појаснуваат од АЦВ.

Согласно процедурите, како што додаваат, стапиле во контакт со унгарската дирекција на Визер односно со унгарската АЦВ како и со надлежните домашни институции.

– Техничката оператива на Визер уште изутрина на 30 март пристапи кон дефектажа на моторт и отстранување на техничките проблеми врзани за отказот. Во текот на денот и ноќта согласно технолошките карти на Ербас извршија отстранување на дефектот на моторот и успешно стартување на моторот на земја. По доставувањето на целокупната документација АЦВ констатираше дека авионот може да полета од Скопскиот аеродорм (без патници) во правец на Полска каде што Визер има работилница со повисок степен на одржување, информираат од АЦВ и најавуваат дека во претстојниот период ќе спроведат истрага за настанот и ќе пристапат кон информирање согласно анексите на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО) како и во согласност со позитивните законски уредби и процедури.

Од М-НАВ, пак, наведуваат дека контролорите на летање постапиле согласно прописите во случај на итност, за што, како што соопштуваат, веќе им било јавено од оперативниот центар на Визер дека ќе достават благодарница за помошта. – Најбитно е да се нагласи дека се се завршило во најдобар ред, поради фактот дека пилотите и контролорите на летање поминуваат низ обуки кои вклучуваат справување со вакви настани, велат од М-НАВ.

skopje

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он28/12/2025 - 14:48

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Горан Наумовски26/12/2025 - 18:02

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен