Аукција за набавка на 100 нови полициски возила

Од:

Во Министерството за внатрешни работи денеска ќе се одржи електронска аукција на која ќе се дознае кој ќе биде идниот добавувач на 100 возила во полициска изведба.

Министерката за внатрешни работи вчера изјави дека аукцијата следи откако Комисијата за јавни набавки при МВР завршила со оценката на пристигнатите понуди.

На тендерот понуди доставија четири компании – „Автонова“ понудила возило „ситроен Ц1Икс“, „Еуроимпекс“ возило марка „пежо 107 акцес“, „Порше Македонија“ доставила понуда за „шкода сити гоу“ и „Автомакедонија“ понудила „шевролет спарк“. Првичната понудена вкупна цена на возилата се движи од 47 милиони денари до 65 милиони и 800.000 денари.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ