АУЕ – ФОН стана дел од Балканската асоцијација на економски универзитети

Од:

Американскиот универзитет на Европа – ФОН стана дел од Балканската асоцијација на економски универзитети која што беше основана во Високата школа за осигурување и финансии (ВУЗФ) во Софија, Република Бугарија. Асоцијацијата е формирана на иницијатива на ВУЗФ и обединува универзитети од Бугарија, Северна Македонија, Турција, Албанија, Црна Гора и Косово. За претседател на Управниот Oдбор на Балканската асоцијација е избран ректорот на ВУЗФ, проф. д-р на правни науки, Борис Велчев, а за потпретседател е избрана ректорката на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска.

Идејата на Балканската асоцијација на економски универзитети е да создаде услови за соработка и обединување на заедничките напори во обезбедување образовни услуги во областа на високото образование, науката и обуката. Главни цели и задачи на Балканската асоцијација ќе бидат синхронизација на економските програми со цел да се олесни меѓусебното признавање на дипломите и студиските периоди; мобилност на студенти, наставници и административен персонал во рамките на програмата Еразмус+, како и во рамките на други програми за мобилност; развој и воведување на заеднички дипломски и магистерски програми, вклучително и преку изградба на меѓууниверзитетски конзорциуми; зајакната соработка во обуката на докторантите и во спроведувањето на процедурите за стекнување на научен степен „Доктор на науки“; можности за заедничко научно и применети истражувања и дисеминација на резултатите од спроведените научни истражувања; соработка на европски проекти; организирање заеднички научни настани, конференции и слично.

„Верувам дека обединетите напори за создавање одржлива средина за високо образование, наука и академска размена ќе придонесат за економскиот развој на нашиот регион и особено за високото образование во областа на економијата“, изјави ректорот на ВУЗФ универзитетот проф. д-р на правни науки, Борис Велчев на основањето на Балканската асоцијација на економски универзитети.

Договорот за основање на Балканската асоцијација на економски универзитети го потпишаа ректорот на ВУЗФ, проф. д-р на правни науки Борис Велчев, проф. д-р Билјана Пулеска, ректор на АУЕ-ФОН, проф. д-р Павло Конго, ректор на Универзитет во Албанија, Тирана, проф. д-р Шемседин Вехапи, проректор на колеџот ААБ од Косово, проф. д-р Ерхан, претседател на Универзитетот Алтинбаш од Истанбул.

Меѓу првите активности на Балканската асоцијација на економски универзитети ќе биде заедничко организирање на меѓународна конференција „Економија на иднината“, која што ќе се одржи во Софија од 19 до 21 април 2023 година.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Првиот приватен универзитет АУЕ – ФОН со повеќе од 12.000 алумни

АУЕ – ФОН и ThriveDx со прва генерација експерти за сајбер безбедност во Македонија

Академијата за сајбер безбедност на АУЕ-ФОН станува атрактивна во регионот