По три дена од новите снимки поврзани околу аферата „Рекет“, на истиот јутуб канал се појавија нови аудио записи. На нив повторно се слуша глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во “Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО, кој кажува дека торбата со парите не завршила кај Заев. Тој додава дека во неа имало џи-пи-ес, а била шетана и надвор од Македонија. Истиот глас го споменува и Врховниот суд и Јово за кого се зборува дека ги ослободил од притвор. Од снимката се дознава дека Камчев не сакал да го пријави случајот, но премиерот Зоран Заев го натерал да си пријави во обвинителството.
„Море, а што ни помогна? Од куќен притвор, Врховен, Јово не пушти… Не не пуштија они. Што зборите вие?“
„Му се јавувам на Зоки, на наш Зоки, Кичевскиот, прееска. Што точно си зборел? Додека седевте вие тука, неќев да зборам. Затоа станав… Како што сте договорени, така е направено. Зоки е на располагање, ево Мелина сад са њим прича преко мене и тебе, како што си ти реко така је и урадио. Никад није био на ниту један састанак освен кад ме позвала тужитељица. Молимте уради да га шта пре позове, да каже.. све како што си му рекао. Велики поздрав њега, велики поздрав..“, вели гласот кој наликува на оној од сведокот во „Рекет“.
Во снимките се слуша како со иронија се коментира дека снимките можеби излегле од кај некоја „нова Вилма во Обвинителството“ која е поврзана со Мицкоски.
„Дали од кај Вилма? Таму кујзнае кој работи за ВМРО. Новата Вилма треба да биде некоја од тие. Може ги лапнала и ги дала на Мицко. И она е обвинителка утре. Сите на одмор се бе, кој сака може да влезе во компјутер“, се слуша во објавените записи.
„Видовте ли колку прегледи има снимката за парите? Милион и пол. Најголемиот … ги лапа Сашо со бомбите со 300 илјади, ова за 24 часа стигна 8, значи милион и пол прегледи. Кога гледаат кеш е друга приказната.“, по што се слуша гласно смеење.
Потоа се коментира моментот кога Бојан Јовановски е изненаден што имало банкноти од по 50 евра во торбата, но тоа го немало во снимката објавена од новинрот од Италија.
„Тоа не е се. Ги нема она кога отвора Боки, само го има звукот. 50 се. Само го има звукот. Вика ‘Што е ова 50“, викам, „Капитал, гледаш … бизнисмен’. Јас намерно го знам, го монтирам. ‘Какви се овие банки да немаат 500 во Македонија’ и тоа го збори“, по што повторно следи смеење.
Соговорникот коментира и дека знае каде се парите. Тој прашал „Добро Боки вистина ги однесе парите таму бе?“, на што следи одговор „Тоа не смеам да го зборам, тоа е дел од истрага. Има џи-пи-ес, се има. У рачка, у металното. Је*ига“, одговара другата страна чиј глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во “Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО. Потоа, повторно се слуша прашање „Му ги дал на него?“, па следува нов одговор од гласот кој наликува на сведокот „Не знам, куферот не е кај Заев“.
Во снимката се открива и дел од комуникацијата со премиерот Зоран Заев, како и тоа дека не се точни обвинувањата од опозицијата дека Заев е вмешан во рекетот, напротив, гласот објаснува дека Заев го натерал да го пријави случајот.
„Пишувам, те молам Зоки јави се. Не можам друже во гужва сум. Не треба да дадеме кај Вилма ништо. Во две деца ти се колнам, мислам дека ова не треба да го дадеме таму. Му го имам во документ, ќе ти го покажам. Друже мој, Македонија мора да стане правна држава, да идеш да си пријавиш инаку ти ќе одговараш“, објаснува гласот кој наликува на сведокот во „Рекет“.