(АУДИО) На Јутјуб нови снимки околу „Рекет“: И ќе дојде Мицкоски и шо праиме тогаш, треба крв до колена?

Од:

На јутјуб се појавија снимки на кои се слуша како глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во “Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО, како бара контакт со Вице Заев и се заканува ако не се заврши работата дека ќе крварат сите. Според она што се слуша од материјалот поставен на Јутјуб, се заканува дека доколку не дојде до договор ќе „бомбардира“ со материјали од Бугарија како Ким Јонг, но се открива и блискоста и координираноста со опозицијата.

-Шефе, ако не се смири топката, дај да пробаме да направиме некакво смирување и нешто со ВМРО-ДПМНЕ, они двајца со некакви двајца медијатори наши, странски, да се закопаат секирите сите, привидно да се глуми кавга, они ќе изгубат, кај и да е ВМРО ќе си дојде.
Ако треба крв, и крв. Имаш деца, имаш машко дете. Ќерка му е што ме боли к…т. И да не нема тоа е, ама нема да дозволам да ми го газат достоинството. Јас со Сашо Мијалков се расчистив.

Имаш ли некое влијани или не кај нив? Викни утре да се видиме и да се разбереме со Вице. Ќе крварат и они и ние.

Ќе пуштам од Бугарија како Ким Јонг..Па тепајте се во Македонија. И ќе иде се у п…у матер. И ќе дојде Мицкоски. И шо праиме после? Треба крв до колена? Не се научија дека 30 години најпаметни Љупчо и Бранко испаднаа и после седнаа се договорија, така беше?

Никој не знеме кој што има од тоа време. Јас што имам, значи сакам да ги рушам Заеви. Значи јас, сега видов, јас ќе бев во затвор, тоа нема да се деси. Што треба да претендирам да станам премиер да го добијам тоа, не ме интересира, остајте ме, не барам ништо, не барајте ништо.

Не е познато кој е соговорник и како е сниман разговорот. Снимките траат по десетина секунди.

Би можело да ве интересира

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов