(АУДИО) „Геро ќе ги пука сега сите“, вели гласот кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во „Рекет“

Од:

Од деветте аудио записи објавени на „Јутуб“ а поврзани со случајот „Рекет“, во последните два кои се именувани со „11“ и „8“ се споменува извесен Геро, што упатува на тоа дека можеби станува збор за новинарот Бранко Героски кој прв објавуваше текстови за рекетот кој го земал Бојан Јовановски познат како Боки 13. Гласот кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во “Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО, вели „Геро ќе ги пука сите сега“.

„Влегуваш во таков хард-кор порнич. Богат човек си, си направил услуги на светот, на запад. Седни изиграј малце, напрај, седни со Христијан, договори се. Свиткај кичма, си свиткал и за името. Се е договор, да го е**м. Што е ова тепање, крвови да има. Во оваа битка губи, он нема нуклеарка. Он има хелихоптери, од Љубе Бошковски на времето, оние. Тие не стануваат писта. Ова вака од Софија ќе биде, тагау, виу, бам кај Геро. Геро ќе ги пука сите сега. Геро ќе биде“, се слуша во снимките.

Во последната објавена снимка се зборува за давање на 100 илјади евра на истражител за да даде некакво стикче.

„Се знае точно кој ги има сработено. Они кога се уште ретардирани во институции имаат луѓе… Знаеш ти што значи 100 илјади евра да дадеш на истражител, за да ти даде на стикче? 100 илјади евра?“, се слуша во следната снимка.

Во два посбни аудио-записи објавени на „Јутуб“ објавени на каналот „U6e Big“ гласот кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во „Рекет“ заедно со други соговорници зборува и за односнот на обвинетиот Бојан Јовановски познат како Боки 13 со осудениот Зоран Милевски-Кичеец. Во еден момент, соговорникот вели „Орце, шокираш, Орце“. Во останатите снимки се зборува за торбата со парите во која се слуша како сведокот вели дека имало џи-пи-ес и истата била шетана надвор од Македонија.

 

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов