Атмосфера блиска до скандал и примитивизам на обраќањето на Иванов

Од:

ВМРО-ДПМНЕ внимателно слушаа, ДУИ бојкотираше, а СДСМ и коалицијата со негодување и дофрлување. Ваква беше атмосферата во собраниската сала за време на годишното обраќање на Ѓорге Иванов.

СДСМ ја сменија тактиката и додека Иванов говореше дофрлуваа од место, довикуваа и негодуваа на кажаното од претседателот.

„Цела година ве слушам, сега слушајте ме вие мене. Дозволете ми да го завршам говорот. Слушајте ви се обраќа претседател, ослободете се од фрустрациите“, им се обрати Иванов на пратениците од СДСМ и коалицијата.

Сето ова го следеше и дипломатскиот кор од собраниската галерија.

По завршувањето на обраќањето на Иванов, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ станаа и со аплауз го поздравија говорот на претседателот.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on